Чачо Родригес првиот Шпанец што ќе игра во ЦСКА Москва

Чачо Родригес првиот Шпанец што ќе игра во ЦСКА Москва

67
SHARE

Еден од најдобрите европски кошаркари Серхио „Чачо“ Родригес се врати од НБА лигата и го засили тимот на ЦСКА Москва.

Родригес со „армејците“ потпиша тригодишен договор.

„Голем предизвик е да се игра за вака важен клуб каков што е ЦСКА. Со задоволство го прифатив повикот. И животот во Москва ќе биде големо искуство за мене и моето семејство, тоа е шанса да ја запознаеме руската култура“, изјави Родригес.

Чачо има 31 година, беше МВП на Евролигата во 2014 година, а со Реал стана европски шампион во 2015 година. Родригес е првиот шпански кошаркар кој е член на ЦСКА.

Минатата сезона играше за Филаделфија 76-ки со просек од 7,8 поени, 5,1 асистенции и 2,3 скока по натпревар.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY

twenty − twenty =