Барди ја прифати понудата од Леванте

Барди ја прифати понудата од Леванте

158
SHARE
Фото: EPA/Adam Warzawa

Енис Барди во текот на вчерашниот ден беше подвргнат на медицински тестови, неопходни пред да се стави потписот на неговиот договор со шпанскиот прволигаш Леванте.

Македонскиот фудбалер дефинитивно ги напушта редовите на унгарскиот тим Ујпешт и ќе се пресели во Примера дивизион, каде што неговиот нов клуб од претстојната сезона повторно е учесник.

Барди имаше понуди од Видеотон, Динамо Загреб, Борусија Дортмуд и Штутгарт, но тој се реши да заигра во најсилната лига на Шпанија.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY

19 − 10 =