Зелена лупа: Зошто Јово Вангеловски со судската полиција ги брка членовите на...

Зелена лупа: Зошто Јово Вангеловски со судската полиција ги брка членовите на Советот?

693
SHARE

„Зелена лупа”, како иницијатор за поведување на постапки пред Советот за утврдување на фактите против судиите инволвирани во случаите „Таргет и Тврдина“, го поздравува отпочнувањето на постапката за утврдување на нивната одговорност и обидот за влез на членовите на Советот во зградата на „врвот на судската мафија”, се вели во денешната реакција на Здружението за истражување, анализи и развој.

Тие сметаат дека кривичната постапка против претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски иницирана од Советот за утврдување на фактите е „уште еден удар врз судиите на НЕ-правдата инсталирани од претходната власт“.

„Зелена лупа”, јавно прашува: “Ако Претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски постапувал согласно законите во случаите „Таргет и Тврдина“ , зошто ја активирал судската полиција за да не им се дозволи на членовите на Советот за утврдување на факти да влезат во зградата на Врховниот суд и извршат увид во предметите!? Од што се плаши Вангеловски?. Потсетуваме дека на 10 август, „Зелена лупа” по консултации со експертскиот тим , поднесе Кривични пријави и иницијативи за одговорност за судиите: Ленка Давитковска, Татјана Михајлова, Дијана Груевска, Лилјана Шопова, Сафет Кадриу, Цветанка Периќ, Јово Вангеловски, Фаик Арслани, Ристо Катавеновски и Џемаил Саити, сите инволвирани во случаите „Таргет и Тврдина“. „Зелена лупа”, членовите и експертскиот тим се горди што по легален пат први почнаа да го рушат судско-мафијашкиот систем кој им натежна на граѓаните на РМ“, се вели во реакцијата.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY

two × five =