Заев од Пробиштип: Целокупниот капацитет го ставаме на располагање на граѓаните

Заев од Пробиштип: Целокупниот капацитет го ставаме на располагање на граѓаните

195
SHARE

И за законот за стечајците и за законот за рударите, целиот овој период соработувавме заедно со сегашниот кандидат и идниот градоначалник на Пробиштип на кој што сум му благодарен, заради тоа што веруваше. Законот за стечајните работници го донесовме, почна подготовката за законот за рударите заради тоа што тоа е навистина важно овде за Пробиштип.

Сакам да знаете дека се што постои како капацитет, ресурс и памет ќе биде ставено на располагање на граѓаните на Македонија, вклучително на граѓаните на Пробиштип. Владата има смисла од постоење само заради вас граѓаните. Новата општина на чело со Драган Атанасов – Ладич ќе има смисла на постоење само заради вас, граѓаните!

Најголемата болка и горчина е празнењето на Македонија од младите луѓе, нивното заминување. Мораме да направиме нешто за младите да ни останат овде во државата. Затоа, сите млади луѓе што се овде, да се разбереме, државата преку новата влада отвори веќе неколку механизми. Ја воведовме младинската гаранција.

Целта е секој млад човек што сака да оди на магистратура и докторат, државата директно ќе му помогне финансиски. Секој друг млад човек, кој што бара работа, а е невработен, завршил образование може да побара работа насекаде, било каде во приватниот сектор, а притоа газдата или директорот да не мора за првата година да му обезбеди плата. Државата обезбедува бруто плата за првата година, за секој млад човек да тргне на работа.

Да гласаме за живот во Пробиштип за сите. Да гласаме за живот во Македонија за сите. Да живее Пробиштип, да живее Македонија!

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY