Васко Ковачевски нов директор на РЕК Битола

Васко Ковачевски нов директор на РЕК Битола

224
SHARE

На почетокот на утрешната собраниска седница ќе бидат констатирани оставките на пратениците Васко Ковачевски и Стево Пендаровски.

Ковачевски, кој денеска поднесе оставка на пратеничката функција, изјави дека ќе биде прв човек на комбинатот РЕК Битола додека Пендаровски е избран за Национален координатор на НАТО. На нивните пратенички места ќе бидат Самка Ибраимовски и Далибор Богдановски.

За медиумите Ковачевски потврди дека можно е да има поголеми кадровски промени во власта, но смета дека треба да се огласи премиерот Зоран Заев.

– Од она што јас го имам како информација е дека првиот нареден пратеник од листата е господинот Самка Ибраимовски. Тој ќе ја напушти функцијата министер во Владата на Република Македонија. За сите останати кадровски промени очекуваме во текот на деновиве да се огласи премиерот Заев – рече Ковачевски.

Тој очекува дека овие промени ќе бидат во насока на подобрување на нештата во општеството, и дека идните пратеници со својот ангажман ќе ги запазат интересите на граѓаните и на коалицијата.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY