ЦК ВМРО-ДПМНЕ соопшти имиња на кандидати за градоначалници

ЦК ВМРО-ДПМНЕ соопшти имиња на кандидати за градоначалници

430
SHARE

ВМРО-ДПМНЕ ќе ги кандидира актуелните градоначалници на Скопје и на општина Гази Баба, Коце Трајановски и Тони Трајковски, за свои кандидати за првите места во главниот град и во општината за локалните избори, соопшти Христијан Мицкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Како што соопшти тој, партијата и во општина Росоман најверојатно ќе настапи со сегашниот градоначалник, Стојанче Лазов, а за градоначалник на општина Дебар ќе го кандидира лекарот Драган Клопчески.

Како што соопшти Мицкоски, тоа се имињата на кандидатите што централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ му ги предложил на партискиот извршен комитет, но според партиската практика, може да се очекува дека тие ќе бидат и официјално прогласени за кандидати вечерва.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY