Трајковски го промовираше проектот современ градски пазар во Делчево

Трајковски го промовираше проектот современ градски пазар во Делчево

120
SHARE

Проектот за современ градски пазар во Делчево денеска го промовираше кандидатот за градоначалник на Делчево од СДСМ, Горан Трајковски.

Според предвидениот проект, градскиот пазар ќе се протега на површина од 4.350 м2, каде се предвидени повеќе содржини, паркиралиште и простор за дотур на стока и за такси превозници.

– Објектот претставува функционална целина која програмски ги задоволува сите барања на еден современ градски пазар. Составен е од два дела. Од кои едниот е затворен и во него на 1.650 м2 се предвидени повеќе програмски содржини, како маркети, дуќани, угостителски простори, слаткарница, но и безбедно катче за најмладите. Другиот дел е полуотворен и овде е предвидено поставување иаложбени елементи, рече Трајковски.

Според програмата на Трајковски, Делчево треба да добие современ градски пазар до крајот на 2019 година.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY