Тимоние: Се надевам дека Хан ќе најде добро и практично решение за...

Тимоние: Се надевам дека Хан ќе најде добро и практично решение за кризата

291
SHARE

Македонија треба да остане на патот кон Европската Унија и кон НАТО и за тоа е потребна одговорна влада што ќе биде способна да донесува одлуки и реформи, како и политичари со чувство за општ интерес на земјата, изјави денеска амбасадорот на Франција во Македонија, Кристијан Тимоние, по приемот по повод Денот на франкофонијата.

Тимоние рече дека се очекува да се формира влада и дека е важно „таа одлука да се донесе многу бргу, бидејќи земјата не може премногу да чека“.

– Има економски и политички предизвици и секој очекува една силна Македонија. Еврокомесарот Хан утре доаѓа во Скопје и се надеваме дека ќе најде добро и практично решение за сегашното забавување на процесот на формирање влада – изјави Тимоние.

Прашан каков е неговиот став за платформата на албанските партии, Тимоние рече дека тој не е повикан да се произнесе по тоа прашање. (Мета)

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY