СДСМ: Заврши времето на масовна партизација на институциите од страна на ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Заврши времето на масовна партизација на институциите од страна на ВМРО-ДПМНЕ

108
SHARE
Фото: mia.mk

„Заврши времето на масовна партизација и злоупотреба на државните институции што беше главна одлика на влаадеењето на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски.

Владата предводена од СДСМ започна процес на ослободување на институциите заробените од ВМРО-ДПМНЕ со што ќе се обезбедат независни и професионални државни институции кои што наместо во интерес на поединци и партии, ќе работат исклучиво во интерес на граѓаните и државата.

По локалните избори, таквиот процес на ослободување на заробените и партизирани институции ќе продолжи и на локално ниво. Секој граѓанин ќе го најде своето место во заедничкото општество што ќе пружа еднакви можности, а лицата кои вршеа притисоци и сееа омраза, повеќе нема да смеат да управуваат со државни институции и ќе мора да сносат одговорност за своите постапки.“ се вели во реакцијата на СДСМ на изјавата за медиуми на Светлана Колариќ од ВМРО-ДПМНЕ.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY

13 − 11 =