СДСМ: Заради криминални тендери, ВМРО-ДПМНЕ сакаше да го уништи Скупи

СДСМ: Заради криминални тендери, ВМРО-ДПМНЕ сакаше да го уништи Скупи

274
SHARE
Фото: плусинфо

„Додека ВМРО-ДПМНЕ новокомпонираните барокни градби ги подметнуваше како културно наследство, вистинското културно и историско наследство скапуваше и се распаѓаше. Додека ВМРО-ДПМЕ ги трошеше парите на граѓаните на стиропор и лажен барок, најзначајните културно историски објекти како античкиот локалитет Хераклеа, скопскиот аквадукт, археолошките остатоци на Плаошник, фреската „Ангелот од Курбиново“ во црквата „Свети Ѓорѓија“ и други, свесно и намерно беа загрозувани и запуштени.

Локалитетот Скупи за кој денес ВМРО-ДПМНЕ лицемерно прикажува загриженост беше во опасност од уништување само заради остварување на криминални интереси на ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ долго време предупредуваше дека ВМРО-ДПМНЕ преку таканеречена обнова и преку криминален тендер со набилдани цени сакаше противправно да гради сала со 9000 седишта и со тоа да го уништи археолошкиот локалитет Скупи.

За разлика од криминалното владење на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ навистина ќе се грижи и ќе го заштити културното и историско наследство. За конкретниот случај со Скупи одобрени се средства за да се доврши конзервацијата и таа е завршена. Нема да се дозволи остварување на криминални интереси и продолжување во следни фази на таканаречена обнова, бидејќи таков термин не постои во Законот. СДСМ преку Владата што ја предводи одговорно ќе се однесува кон културното и историско наследство. Ќе бидат спречени сите обиди за уништување или загрозување на објектите кои се од културно и историско значење, но истовремено ќе има ревизија на сите проекти и за секое незаконско постапување ќе мора да има одговорност.“ се вели во реакцијата на СДСМ на прес конференцијата на Владимир Атанасов од ВМРО-ДПМНЕ.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY

sixteen − 5 =