СДСМ: Талевски потроши милиони евра за топлификација што ја нема

СДСМ: Талевски потроши милиони евра за топлификација што ја нема

496
SHARE

Власта на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот на Битола, Владимир Талевски, со години ги лажат граѓаните дека ќе имаат централно затоплување и за тоа трошат огромни износи, обвини вчера СДСМ.

– Предизборно ветуваа топлификација на градот Битола во 2011, 2013, 2014 и на последните избори во 2016 година. Овде каде што сме денес, закопани се цевки во вредност од 80.000 евра. И толку, од топлификацијата… – рече вчера Васко Ковачевски, пратеник и претседател на СДСМ Битола, стоејќи на местото на закопаните цевки, на булеварот „1 Мај“.

Тој обвини дека се потрошени и милиони евра во РЕК Битола за физибилити студии и за проектни документации, за адаптација на котлите и слично, но топлификацијата не е ниту на повидок.

– Не само што лажат, туку и топлификацијата што функционираше до пред неколку години и загреваше неколку илјади семејства во Битола, ја затворија – потенцираше Ковачевски.

Тој обвини дека во недостиг на колективно загревање во Битола, граѓаните се принудени да користат огревно дрво и разни отпадни материјали, со што загадувањето на воздухот ја надминува дозволената граница и до 20 пати.

Ковачевски вети дека СДСМ ќе овозможи Битола да има топлификација и да се гасифицира.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY