СДСМ: Неточни се информациите за наводно поставување на нови повеќејазични табли

СДСМ: Неточни се информациите за наводно поставување на нови повеќејазични табли

148
SHARE
Фото СДСМ

Информациите објавени во одредени медиуми за наводно поставување на повеќејазични табли денеска, пред институциите или на патиштата низ државата, се целосно неточни и истите претставуваат класични лажни вести.

Повеќејазичните информативни табли и патокази што денеска се објавени во неколку медиуми се поставени многу одамна, а граѓаните извесен период сведочат за нивното постоење.

Како потврда за тоа е фотографијата во прилог, направена во мај 2017 година, на која што јасно се гледа дека веќе биле поставени овие табли пред повеќе од година и половина.

Потсетуваме дека обврска на медиумите е да известуваат објективно и професионално во интерес на граѓаните. Пласирањето на неточни информации или обидите за манипулација со јавноста не се во интерес на граѓаните.

Останува фактот дека јавноста одамна ги препознава лажните вести и не потпаѓа под обидите за манипулации., се вели во соопштението на СДСМ.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY