Иванов не го прими барањето за одземање на мандатот на Заев

Иванов не го прими барањето за одземање на мандатот на Заев

284
SHARE
Фото Борче Поповски

Членови на Здружението на граѓани „Преродба“, Семакедонскиот национален совет „Македониум“, МПЗ „Тврдокорни“, Движење за цивилизациски вредности и Единствен пат – Движење на македонските носители и бранители на државниот суверенитет денеска организираа протестен марш од пред канцеларијата на Делегацијата на ЕУ до претседателската вилата Водно.

Нивното протестно барање е претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов да му го одземе мандатот на премиерот Зоран Заев поради, како што велат, непридржување кон дадените гаранции и работењето против македонските национални и државни интереси.

По завршувањето на маршот пред вилата Водно собраните граѓани сакаа да му го предадат барањето на претседателот Иванов, но, како што кажа Страшко Олумчев, претседател на Семакедонскиот национален совет „Македониум“, биле известени од страна на обезбедувањето дека претседателот си заминал.

Тој рече дека протестите ќе продолжат и дека повторно ќе се обидат да му ги достават барањата на Иванов.

(МИА)

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY