Гру­ев­ски ну­ди пла­т­фор­ма за ли­чен спас

Гру­ев­ски ну­ди пла­т­фор­ма за ли­чен спас

372
SHARE
Фото: мета.мк

Са­ка со­си­ла да се вра­ти на пре­го­ва­рач­ка маса, за­ка­ну­вај­ќи се со ра­бо­ти пов­рза­ни со не­за­вис­нос­та и те­ри­то­ри­јал­ни­от ин­тег­ри­тет на зем­јата, сме­та Бе­са Арифи.

„Соз­да­ва­ње­то ма­ке­дон­ска пла­т­фор­ма нас­про­ти ал­бан­ска­та пла­т­фор­ма е от­во­рен по­вик за војна. Гру­ев­ски се­га иг­ра мно­гу вал­ка­на иг­ра за Ма­ке­до­нија. Ко­га ви­де де­ка ја гу­би влас­та и моќта, се­га по­сег­ну­ва по неш­то што е нај­страш­но за држа­вата“, Ти­то Пет­ков­ски, прет­се­да­тел на НСДП

Бо­жи­дар Бар­ла­коски

По­ли­тич­ка­та пла­т­фор­ма за из­лез од кри­зата, ко­ја зав­че­ра ја на­ја­ви Ни­ко­ла Гру­ев­ски, е ри­зи­чен обид на ли­де­рот на ВМРО-ДПМ­НЕ на мус­ку­ли да се вра­ти на пре­го­ва­рач­ка маса. Ана­ли­ти­ча­ри на по­ли­тич­ка­та сос­тој­ба ко­мен­ти­ра­ат де­ка тој со ну­де­ње на овој до­ку­мент, прак­тич­но пот­врди де­ка се оби­ду­ва да из­деј­ству­ва нов до­го­вор ка­ко про­дол­же­ние на оние од ми­на­та­та го­ди­на од Пржино, иа­ко во сво­јот го­вор што го од­ржа пред ДИК ла­ни во де­кем­ври, на­ја­ви де­ка „ВМРО-ДПМ­НЕ го на­пуш­та фор­ма­тот на сос­та­но­ци и пре­го­во­ри со дру­ги пар­тии во кои учес­тву­ва­ат ам­ба­са­до­ри и стран­ски по­сре­дни­ци или прет­став­ни­ци на дру­ги држави“.

– Гру­ев­ски са­ка со­си­ла да се вра­ти на пре­го­ва­рач­ка­та ма­са за­ка­ну­вај­ќи се со ра­бо­ти што се пов­рза­ни со не­за­вис­нос­та и те­ри­то­ри­јал­ни­от ин­тег­ри­тет на зем­јата. Ток­му ко­га се оче­ку­ва де­ка ќе поч­не да ра­бо­ти Соб­ра­ни­е­то и да нап­ре­ду­ва­ат про­це­си­те ка­ко што тре­ба­ше да те­чат веќе, не е слу­ча­ен по­ви­кот на Гру­ев­ски за ма­со­вен про­тест, со што се са­ка да се спре­чи фор­ми­ра­ње вла­да во ко­ја не би учес­тву­ва­ла  ВМРО-ДПМНЕ. Мис­лам де­ка тоа е се­ри­оз­на ра­бота, за­тоа што до­се­га не се слу­чило, ва­ка и фи­зич­ки и др­ско да се спре­чи еден про­цес што е ус­тав­ноп­ра­вен по­ре­док на зем­ја­та – ве­ли про­фе­сор­ка­та Бе­са Ари­фи за Плу­синфо.

Во сво­е­то ин­тер­вју на Ка­нал 5 те­ле­ви­зија, Гру­ев­ски вче­ра на­ја­ви де­ка не­го­ва­та пар­ти­ја под­гот­ву­ва до­ку­мент што ќе по­ну­ди за­чу­ву­ва­ње на Ма­ке­до­ни­ја и из­лез од кри­зата.

– Пре­ку не­го­во при­фа­ќа­ње ќе се из­ле­зе од кри­зата, но не­ма да се на­ру­ши уни­тар­нос­та на држа­вата. Овој до­ку­мент во те­кот на след­на­та не­де­ла ќе би­де по­ну­ден на си­те по­ли­тич­ки пар­тии и оче­ку­ва­ме од нив да го при­фа­тат ка­ко из­лез од по­ли­тич­ка­та кри­за – из­ја­ви Гру­ев­ски во ин­тер­вјуто.

Прет­се­да­те­лот на НСДП, Ти­то Пет­ков­ски е за­чу­ден ка­ко чо­век што де­сет го­ди­ни ја раз­не­би­ту­ва­ше Ма­ке­до­ни­ја се­га ну­ди пла­т­фор­ма за спас.

– Соз­да­ва­ње­то ма­ке­дон­ска пла­т­фор­ма нас­про­ти ал­бан­ска­та пла­т­фор­ма е от­во­рен по­вик за војна. Гру­ев­ски се­га иг­ра мно­гу вал­ка­на иг­ра за Ма­ке­до­нија. Ко­га ви­де де­ка ја гу­би влас­та и моќта, се­га по­сег­ну­ва по неш­то што е нај­страш­но за држа­вата. По­сег­ну­ва по соз­да­ва­ње кон­фликт по­ме­ѓу Ма­ке­донци­те и Ал­банци­те и де­фи­ни­тив­но раз­не­би­ту­ва­ње на држа­вата. Тој чо­век тре­ба да се соп­ре во тие на­ме­ри – из­ја­ви за Плу­син­фо прет­се­да­телoт на НСДП, Ти­то Пет­ков­ски.

Пет­ков­ски ве­ли де­ка Гру­ев­ски се во­ди од, ка­ко што вели, ма­фи­јаш­ка­та де­виза: „Ако не си неш­то – то­гаш си ништо“, и де­ка со­о­чен со фак­тот де­ка пок­рај гу­бе­ње­то на моќ­та и власта, се от­во­ра и мож­носта, за ка­ко што ана­ли­зира, да ја из­гу­би и сло­бо­дата, тој вели: „Не­му ап­со­лут­но не му дош­ло до Ма­ке­до­нија“.

– Мис­лам де­ка тоа е крик на бес­по­мош­ност, на чо­век што гу­би сè, и му ос­та­ну­ва по­след­но­то при­бе­жиште, на­ци­о­на­лиз­мот и по­пу­лиз­мот, ка­ко и кај си­те кри­ми­нал­ци – ве­ли Пет­ков­ски.

Про­фе­со­рот Ден­ко Ма­лески, пак, ве­ли де­ка со­се­ма е очиг­лед­но и во из­ја­ва­та на Гру­ев­ски и во из­ја­ва­та на прет­се­да­те­лот Ѓор­ге Ива­нов, де­ка не се сог­ла­су­ва­ат да зав­рши из­бор­на­та про­це­ду­ра за­поч­на­та на 11 де­кем­ври, за, ка­ко што вели, да се зав­рши со фор­ми­ра­ње вла­да на на­чин на кој тоа се пра­ви ед­но плу­ра­лис­тич­ко оп­штес­тво.

– Тоа е мно­гу не­од­го­вор­но за­тоа што се пок­ре­ну­ва­ат емо­ци­и­те на лу­ѓето, нив­на­та љу­бов кон тат­ко­ви­на­та и се­то тоа се ста­ва во фун­кци­ја на бор­ба­та за власт, ко­ја се­га се во­ди не­инс­ти­ту­ци­о­нално, ту­ку со по­ви­ку­ва­ње на на­ро­дот што по­ма­сов­но да из­ле­зе на ули­ци и да ја бра­ни ка­у­за­та на ед­на пар­ти­ја и на ед­но ра­ко­вод­ство. Мо­же­ме са­мо да за­мис­ли­ме што би се слу­чи­ло ко­га и од дру­га­та страна, СД­СМ и ал­бан­ски­те пар­тии, би по­ви­ка­ле на ис­то­то тоа по­ве­де­ние. То­гаш би нас­та­нал го­лем лом во држа­вата. Тие се­га тре­ба мно­гу воз­држа­но да де­лу­ва­ат – ве­ли про­фе­со­рот Ден­ко Ма­лески.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY

seventeen − three =