ФРОДЕМ упати писма до 19 држави за воспоставување дипломатски односи со Македонија

ФРОДЕМ упати писма до 19 држави за воспоставување дипломатски односи со Македонија

148
SHARE

ФРОДЕМ – ФРОНТ ЗА ДЕМОКРАТСКА МАКЕДОНИЈА во соработка со Проф д-р Игор Јанев испрати мејлови и писма до шефовите на  19 држави во светот, како и до нивните дипломатски мисии при ОН кои се уште немаат воспоставено дипломатски односи со Република Македонија. Целта на барањата на ФРОДЕМ и на проф. Јанев е да се заокружи процесот на признавање и воспоставување дипломатски односи со сите држави во светот, членки на ООН.

Барањето за воспоставување на дипломатски односи е упатено до: 1. Република Грузија, 2. Република Тунис, 3. Република Либан, 4. Република Мали, 5. Република Јужен Судан, 6. Република Сан Марино, 7. Бахамските острови, 8. Барбадос, 9. Гренада, 10.Палетина, 11. Тринидад и Тобаго, 12. Кук островите, 13. Република Кирибати, 14. Ниуе, 15. Република Палау, 16.  Папуа Нова Гвинеа, 17. Соломонските Острови, 18. Кралство Тонга и 19. Сент Китс и Невис.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY