Богоев: Масовна политичка мобилизација за победа во Карпош

Богоев: Масовна политичка мобилизација за победа во Карпош

66
SHARE

Кандидатот на СДСМ за градоначалник на Карпош повика масовно да се излезе на гласање во недела, за да се стави крај на урбаната мафија и носењето на ДУП-и за време на празници и одмори.

„Денес, од овде, од урбаната заедница Владо Тасевски, од плочникот кај Млечен ресторан, јас и мојот Тим ве повикуваме на масовна политичка мобилизација, во недела, на 15-ти октомври .

Сите заедно во Карпош, и во Скопје, да ставиме точка на владеењето на урбаната мафија, да ставиме крај на шверцерското носење на Детални урбанистички планови на празници или за време на годишни одмори.

Да ставиме точка и крај на насилничкото уништување на зеленило, паркови и узурпација на општинската администрација од страна на крадоначалникот Стевчо Јакимовски и неговите заштитници и нарачатели, Коце Трајановски и Никола Груевски.

Јас и мојот тим имаме визија и идеја за враќање на животот во Карпош, за изградба на нови паркови, нови реонски базени, пензионерски клубови но и клубови и старт ап центри за младите.

Реконструкција на сите игралишта за спорт, како и одржување и враќање на животот, особено оној маалскиот и меѓугенерацискиот во општината.
Затоа, уште еднаш, јас и мојот тим ве повикуваме во недела масовно да излезете на гласање и масовно да гласате за бројот 19.

За живот во Карпош, за живот во Скопје.

За општина и за град за сите!“

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY