Нова ѕвездена двојка: Сочни бакнежи меѓу Селена Гомез и „Д Викенд“

Нова ѕвездена двојка: Сочни бакнежи меѓу Селена Гомез и „Д Викенд“

281
SHARE
Профимедиа

Младите музички ѕвезди Селена Гомез (24) и „Д Викенд“ (26) ја започнаа 2017 година со романса.

„Д Викенд“ долго не страдал по манекенката Бела Хадид. Канадскиот рапер со вистинско име Абел Тесфаје, очигледно ја завел младата пејачка Селена Гомез.

Папараците ги уловиле во страсни прегратки и бакнежи по романтичната вечер во еден холивудски ресторан,  во Санта Моника, Калифорнија.

– Таму беа три часа, само тие двајца. Изгледаа многу среќно – раскажал извор за „Е! Њуз“.

Селена и „Д Викенд“ имале свој личен келнер и седеле одвоено од останатите гости. Откако завршиле со вечерата, била уловени пред ресторанот како се прегрнуваат и бакннуваат.

– Селена не можеше да ги тргне рацете од него. Го прегрнуваше, бакнуваше… Изгледаше многу вљубено и среќно – додал изворот, а тоа го потврдуваат и фотографиите.

„Д Викенд“ раскина со Бела Хадид во ноември по две години врска.

Подготви: К. А.

Displaying profimedia-0310562040.jpg

Displaying profimedia-0310561934.jpg

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY

5 × four =