Можеби имате висок крвен притисок, а да не знаете за тоа

Можеби имате висок крвен притисок, а да не знаете за тоа

360
SHARE
Профимедиа

Американските кардиолози ја објавија измената на дефиницијата за хипертензија и сметаат дека таа почнува кога крвниот притисок достигнува 130/80, додека порано тоа беше 140/90.

Превисокиот крвен притисок е дефиниран како систолен притисок од 130 милиметри на живиниот столб (мм Хг) и дијастолниот притисок од 80мм Хг, пишува во новите насоки во магазинот „Хипертензија“ на Американскиот колеџ за кардиологија.

Тоа е првата ревизија на упатствата за хипертензијата уште од 2003 година.

Таа нова дефиниција значи дека 46 отсто возрасни во Америка имаат превисок крвен притисок, додека според претходната било 32 отсто.
Хипертензијата, по пушењето, е втората водечка причина за болестите на срцето и мозочниот удар.

Но, притисокот 130/80 не мора да значи дека тие луѓе треба да земаат лекови, рекол д-р Пол Велтон, професор по епидемиологија на Факултетот за хигиена и заштита на здравјето „Џонс Хопкинс“ во Балтимор.

– Тоа е како жолто светло на семафорот кое вели дека својот крвен притисок мора да го намалите со промените на начинот на животот, пред се, без лекови – рекол тој.

Тоа се намалување на тежината, повеќе физичка активност, поздрава исхрана и избегнување сол, алкохол и стрес.

Новите насоки се елиминатори на категоријата „пред-хипертензија“, која се однесувала на систолниот притисок од 120-139 и дијастолниот помеѓу 80 и 89.

Подготви: K. A.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY