Жена првпат во главната улога во „Доктор Ху“

Жена првпат во главната улога во „Доктор Ху“

125
SHARE
Профимедиа

Британската актерка Џоди Витакер ќе биде првата жена во улогата на главниот лик во култната научно-фантастична серија „Доктор Ху“ на Би-би-си.

Триесетпетгодишната актерка, најпозната по улогата на мајката на убиеното момче во детективската драма „Бродчерч“ ќе го замени шкотскиот актер Питер Капалди кој го интерпретираше тој лик од 2013 година и првпат ќе се појави во таа улога во специјалната новогодишна епизода за 2017, се наведува во најавата на Би-би-си.

Серијата „Доктор Ху“, креирана во 1963 година, го држи рекордот по долговечност во категоријата на серија на научна-фантастика, според Гинисовата книга на рекорди.

Во фокусот на серијата се авантурите на главната личност позната само како Доктор, вонземјанин од расата на Господар на времето, која се движи со вселенска машина која личи на стара полициска телефонска говорница.

Џоди Витакер ќе биде 13-та личност која ја интерпретира улогата на Докторот. Централната личност може да патува низ вселената и времето и може да преоѓа во нови тела.

Серијата го прослави 50-тиот роденден уште пред четири години кога симултано во речиси 100 земји беше емитувана специјална епизода по тој повод.

Подготви: К. А.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY

eleven − 5 =