Заев: Постои наклонетост кај членките на ЕУ за пристапување на Западен Балкан...

Заев: Постои наклонетост кај членките на ЕУ за пристапување на Западен Балкан кон Унијата

135
SHARE

Постои наклонетост на земјите членки на ЕУ за пристапување на земјите од Западен Балкан кон Унијата, а отворени се шансите и за НАТО интеграциите за Македонија, изјави премиерот Зоран Заев на заедничката прес-конференција со албанскиот премиер Еди Рама во Поградец.

– Јас знам дека Република Македонија и Република Албанија ја споделуваат визијата за просперитетен и меѓусебно поврзан регион интегриран во ЕУ и НАТО. Само би додал дека многу значи за нашата држава и за нашите граѓани поддршката на Албанија на тој пат. Во таа насока изразувам благодарност на Република Албанија за континуираната поддршка за нашите НАТО интеграции, истакна Заев.

Тој изрази благодарност до целата Влада и посебно, како што рече до премиерот Еди Рама.

– Пред Република Македонија, како и пред сите земји од регионот стои обврската да ги исполнат критериумите што демонстрираат демократско зрело општество со независно судство, слободни медиуми, институции во служба на граѓаните, со ефикасна и професионална администрација, истакна Заев.

Посветени сме, посочи Заев, на изградба на граѓанско општество со еднакви можности за сите, релаксирани меѓуетнички односи и целосно преточување на Охридскиот рамковен договор во пракса.

– Уверени сме дека различностите не прават посилни, а не послаби во овие заложби.  Следните неколку месеци може да бидат клучни за Република Македонија и во поглед на напредокот на ЕУ и на членството во НАТО, истакна македонскиот премиер. (МИА)

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY