Внимание: Средствата за чистење на домот го зголемуваат ризикот од фатална болест...

Внимание: Средствата за чистење на домот го зголемуваат ризикот од фатална болест на белите дробови

243
SHARE
Профимедиа

Користењето на варакина и вообичаените средства за чистење на домовите го зголемува ризикот од потенцијално фатална болест на белите дробови, предупредила новата студија.

Редовното вдишување на силни хемикалии за 32 отсто може да го зголеми ризикот од хронична опструктивна белодробна болест, каква што обично ги погодува пушачите.

Тоа особено ги погодува медицинските сестри, хегиеничарките и другите лица кои тие производи ги користат секојдневно.

Претходните истражувања ја поврзале изложеноста на средствата за чистење со појавата на астма.

Хроничната опструктивна болест на белите дробови (ХОББ) се однесува на поврзани нарушувања кои кај болниот постепено го намалуваат капацитетот на дишењето, односно здивот го прават поплиток, а оштетувањето на белите дробови до кои притоа доаѓа не може да се поправи.

Во првата фаза на болеста се јавува отежнато дишење, плиток здив и повремени напади на кашлица. Меѓутоа, како што болеста напредува, симптомите се повеќе се влошуваат.

Студијата ја водела д-р Оријана Дима од Францускиот национален институт за здравје и медицински истражувања, а ги опфатила медицинските сестри кои секојдневно на работа користат дезинфекциски средства. Била следена изложеноста на специфичните хемикалии, како глутаралдехид – интензивно дезинфекциско средство за медицински инструменти, потоа варакина, хидроген пероксид, алкохол и соединенија на амонијак кои ги има во средствата за чистење на подовите и мебелот.

Кај сите производи е пронајдена поврзаноста со зголемениот ризик од хронична опструктивна болест на белите дробови за 24-32 отсто.

Медицинските сестри кои биле во допир со таквите средства најмалку еднаш неделно имале 22 отсто поголеми шанси да ја развијат споменатата болест.
Поранешната студија која започнала во 1989 година и која опфатила повеќе од 55.000 медицински сестри во САД траела осум години, во текот на кои ХОББ била дијагностицирана кај 663 од нив.

Две неодамнешни студии меѓу европската популација покажале дека хигиеничарките исто така имаа поголем ризик од таа болест, напоменува д-р Дима.

 

Подготви: К. А.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY

18 − 5 =