Владата усвоила повеќе предлог-уредби кои се однесуваат на воздухопловството

Владата усвоила повеќе предлог-уредби кои се однесуваат на воздухопловството

68
SHARE
Инстаграм/Принтскрин

Владата усвоила повеќе предлог-уредби кои се однесуваат на воздухопловството и тие ќе се донесат заради новите регулативи на Европската Унија, а се во согласност и со обврските кои сме ги преземале со Мултилатералната спогодба за основање на Европска заедничка воздухопловна област (ЕЗВО).

Уредбите кои се усвоени на владина седница ги предложила Агенцијата за цивилно воздухопловство.

„Тие се однесуваат на начинот на давање услуги на воздухопловната навигација, како и посебните услови во однос на потребниот персонал, опремата и другите посебни услови неопходни за безбедно и уредно работење, потоа на организацијата и користењето на воздушниот простор, како и на правилата и условите за заемна оперативност на системите, нивните составни делови и поврзаните процедури за давање на услуги на воздухопловна навигација со европската АТМ мрежа“, соопштија од Владата.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY