Уценувач и се заканувал на сопругата на Шумахер дека ќе им ги...

Уценувач и се заканувал на сопругата на Шумахер дека ќе им ги убие децата ФОТО

820
SHARE
Профимедиа

Семејството на Михаел Шумахер, кој се наоѓа во кома, била загрозена на крајот на март лани поради закани на уценувач. Уценувачот и се заканувал на Корина, сопругата на Михаел Шумахер, дека ќе и ги убие децата, доколку не му се плати милион долари (900.000 евра).

Човекот чиешто име германските власти не смеат да го откријат, е уапсен и наредено му е да побара психијатриска помош, а добил и условна затворска казна.

Одредено му е да плати 4.500 евра и да одработи 50 часа општествено-корисна работа.

„Ако парите не бидат платени до 31 март 2016 година, твоите деца ќе бидат убиени. Во Формула 4 многу несреќи можат да се случат“, и напишал 25-годишниот уценувач на сопругата на Михаел.

Нивниот син Мик возел во тоа време во Формула 4, а потоа преминал во Формула 3, додека 20-годишна ќерка Џина-Марија има успешна кариера во јахачкиот спорт.

Полицијата успеала да најде уценувач врз основа на податоците за банковната сметка којашто ја оставил во мејлот за Корина.

„Да го кажам тоа внимателно – давање сметка во банка во ваков случај не е разумно“, стои во образложението на одлуката на судијата во Ротлинген Еберхард Хауш.

Адвокатот на осудениот рекол дека „до овој ден не може да се објасни зошто неговиот клиент така се однесувал“.

Михаел Шумахер (48), еден од најголемите возачи во историјата на Формула 1 со седум освоени шампионати, од декември 2013 година се наоѓа во кома, по несреќата на скијањето.

Подготви: К. А.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY