Тужба за сексуална злоупотреба: Тејлор Свифт сведочеше против диџејот кој ја зграпчил...

Тужба за сексуална злоупотреба: Тејлор Свифт сведочеше против диџејот кој ја зграпчил за задникот ВИДЕО

343
SHARE
Јутјуб/Скриншот

Мегаѕвездата Тејлор Свифт (27) покрена тужба за сексуална злоупотреба против диџејот Дејвид Мурел (55), кој, во текот на фотографирањето на една свеченост, ја зграпчил за задникот. Инцидентот се одиграл во јуни 2013 година, а случајот се најде на суд дури овие денови.

Пејачката вчера првпат сведочеше и раскажа дека „се почувствувала многу непријатно“, како и дека „не можела да верува што се случува“.

– Ме фати за задникот, се обидов да се поместам што подалеку можам од него додека се фотографиравме, но тој не ја тргна раката – рекла Тејлор на судењето, откако, на прашањето на адвокатот на диџејот Дејвид Мурел „колку долго траел контактот“ одговорила:

„Не знам дали би било паметно на суд да се шпекулира за траењето на допирот, но траеше доволно долго за да сфатам дека беше намерно, а не случајно како што тој тврди“, рекла Тејлор.

Пејачката открила и дека не сака паричен надомест за несаканото „допирање и фаќање“, поточно бара, но симболична сума од еден долар, туку сака да покаже дека ваквото однесување не може да пронајде неказнето.

– Ми ја стави раката под фустанот и ме фати за голиот задник. Една секунда помислив дека грешам, не ми беше јасно што се случило, а потоа брзо се поместив за да се тргнам од него, но тој не ме пушташе – додала пејачката.

Мулер ги негирал обвиненијата, велејќи дека тие го довеле до тоа да остане без работа.

Бившиот диџеј ја тужел Тејлор за три милиони долари, обвинувајќи ја дека ја измислила целата приказна, после што лагата ја пренела на неговиот шеф преку нејзиниот телохранител, што резултирало со отказ за Мулер. Судењето на двете тужени страни почна изминатата недела.

Андреа Свифт, мајката на пејачката, била многу емотивна кога во федералниот суд во Денвер сведочела против Мулер.

– Знам што се случило, го слушнав тоа од неа, го слушнав тоа од усните на мојата ќерка. Тој човек сексуално ја злоупотреби – изјавила мајката на Тејлор, покажувајќи на Мулер, и продолжила: „Тејлор ми рече: „Мамо, типот штотуку ме зграпчи за задникот“, рекла Андреа, после што се расплакала.

Во своето сведочење, Мулер останал при првобитната изјава дека не ја фатил Тејлор за задникот: „Знам дека мојата рака беше на самото дно на нејзиниот грб, но во тој момент навистина не знам дали мојата рака некаде лизна, и поради тоа би рекол дека беше ненамерно. Знам дека мојата рака не беше на нејзиниот задник.“

Адвокатот на пејачката потоа го прашал зошто не ја ставил раката на рамото на Тејлор, на што Мулер одговорил: „Јас сум малку покрупна личност. Не сакав да ја повредам госпоѓица Свифт.“

Подготви:  К. А.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY