Советот на општина Центар ја стопираше изградбата на улица на кејот на...

Советот на општина Центар ја стопираше изградбата на улица на кејот на Вардар

301
SHARE
Фото: Слободен печат

Советот на Општина Центар на денешната вонредна седница со 12 гласа „за“ ја стопираше одлуката за изградба на улица на кејот на Вардар. Наместо улица со посебен режим на сообраќај, Советот на Општина Центар донесе одлука со која на шеталиштето се предвидуваат клупи, жардинјери и корпи за отпадоци.

За одлуката не гласаа советниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ кои жестоко се спротивставија на одлуката да не се гради улица. Тие ја побараа скицата за улицата, иако таа им беше претходно приложена.

Градоначалникот на Општина Центар рече дека Владата намерно ги сменила законите за да и ги одземе ингеренциите на Општина Центар.

– Оваа седница е за стопирање на изградбата на улицата. Изминативе години Владата ги смени законите со цел да ги одземе ингеренциите на Општина Центар. Законот за градба е сменет дури 25 пати и да не се правиме наивни и неинтелигентни тоа е да се одземат ингеренциите на Центар за грдите вештачки стиропор фасади. Во ДУП над земја се гледа пристапна улица, но како таа ќе има посебен режим кога е единствен пристап до Катната гаража. Ние четири години не можевме ниту да почнеме да работиме на измените на планот „Мал ринг“ бидејќи немаме конзерваторски основи, а не можеме да добиеме ниту податоци од Катастар – рече Жерновски.

Вчера градежен инспектор на општина Центар, по налог на градоначалникот на општината, Андреј Жерновски нареди стопирање на градежните работи за изградба на спорната улица на Кејот 13 Ноември.

Градежните работи за изградба на спорната улица почнаа во саботата што наиде на силно негодување и кај сопствениците на околните угостителски објекти, кои излегоа на протест.

Од Општината ги обвинија Градот Скопје и градоначалникот Коце Трајановски дека донеле незаконска одлука за изградба на сервисна улица, со која се узурпира шеталиштето на кејот. Оттаму велат дека во актуелниот Детален урбанистички план (ДУП) никаде не е предвидена изградба на ваква улица, туку подземна сервисна улица. (Мета)

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY