Шкендија славеше во дербито со Вардар (Видео)

Шкендија славеше во дербито со Вардар (Видео)

131
SHARE
Фото: fkvardar.mk

Македонскиот првак Вардар со пораз ја почна сезоната во Првата лига, бидејќи во дерби натпреварот загуби со 2-0 од Шкендија во Тетово.

Тимот на Ќатип Османи одигра агресивно и офанзивно уште од стартот на мечот, а головите беа постигнати во второто полувреме кога капитулираше одбраната на Вардар.

Во 61. минута Алими со прекрасен погодок од далечина го отвори резултатот, а победникот беше решен пет минути подоцна кога Жуниор излезе очи во очи со голманот Гачевски и беше поуспешен за голема радоста на домашната публика во Тетово.

Шкендија со триумфот во Тетово ја продолжи победничката низа на домашен терен против Вардар и веќе втор меч во низа слави, по триумфот од 3-1 во финишот на минатата сезона.

ПРВА ЛИГА, 1.КОЛО

ШКЕНДИЈА – ВАРДАР 2-0

РАБОТНИЧКИ – РЕНОВА 0-0

УТРЕ, 17 ЧАСОТ

СИЛЕКС – СКОПЈЕ

ПОБЕДА – ПЕЛИСТЕР

ШКУПИ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY

five × four =