Шилегов: Уште од првиот ден од мандатот, почнувам со сериозен концепт за...

Шилегов: Уште од првиот ден од мандатот, почнувам со сериозен концепт за ослободување на Скопје

120
SHARE

Денес со Граѓанската иницијатива „О2 Коалиција“ ги здруживме силите во борбата за Скопје да има чиста животна средина, чист воздух и чиста вода за пиење.

Истовремено, сакам да ја известам и јавноста и оваа Коалиција, дека денеска како пратеник во Собранието на Република Македонија, го потпишав законот за заштита на урбаното зеленило. Со овој закон се предвидени рестриктивни мерки против сечење на зеленилото и мерки кои што овозможуваат интензивно зазеленување на урбаните средини, вклучително и на градот Скопје.
Една од одредбите на законот е дека најмалку 20 проценти од градежната парцела, мора да биде опфатена со јавно зеленило, која што ќе биде животен простор на луѓето што ќе живеат во тие станбени единици.

Како градоначалник на Скопје, уште од првиот ден на сопствениот мандат, ќе започнам сериозен концепт, сериозни мерки, кои ќе придонесат за ослободување на Скопје од енормното загадување. Тоа нема да биде лесен процес, туку ќе биде процес во кој што резултатите ќе дојдат сукцесивно. Затоа нема да дозволиме да изгубиме ниту еден ден, за резултатите да бидат што е можно побрзо остварливи.

Активно ќе ги вклучиме и претставниците на граѓанските асоцијации, во концептот на градската администрација што ќе ја предводам. Одлуките нема да ги носиме од канцеларија – автоцентрично, туку ќе бидат носени со оние луѓе кои што најдобро ја знаат и ја познаваат проблематиката. Тоа сте вие, граѓанските асоцијации, кои што давајќи дел од своето слободно време на волонтерска основа, проблемот го познавате во микроплан. И вие сте тие кои што ќе бидат нашиот ум за носење на мудри, паметни , практични одлуки кои што ќе ги решаваат реалните проблеми на граѓаните во градот Скопје.

Со Граѓанската иницијатива „О2 Коалиција“ постигнавме согласност за одредени мерки, кои што ќе мора да се спроведат во борбата за чист воздух и здрава животна средина.

Како градоначалник на Скопје, ќе воведам итни вонредни мерки за време на грејната сезона, кога загадувањето на воздухот е најинтензивно. Во соработка со општините – единиците на локалната самоуправа во рамките на градот Скопје, ќе создадеме и мониторинг мрежа за мерење на загаденоста. Притоа сакам да напоменам за јавноста, дека ќе го изработиме она што никој досега го нема изработено во градот Скопје, а тоа е студија во која што ќе може да се видат изворите на загадувањето. Таа студија ќе биде основ за превземање на среднорочните мерки вонасока на решавање на прашањето за загадување на воздухот. Досега само нагаѓаме, бидејќи никој нема направено анализа што е тоа што го загадува Скопје со толкав интензитет во последниве десетина години.

Веднаш започнуваме со санирање на коритото на реката Вардар, отстранување на градежниот материјал од коритото на реката и песокот, а се обврзуваме и постојано да го зголемуваме буџетот на Градот за заштита на животната средина. Со тоа ќе ги достигнеме препораките од Европската комисија, како дел од интегративниот процес на Република Македонија, на Градот Скопје кон Европската унија.

Бидејќи палењето отпад во и околу градот е еден од сериозните проблеми со кои се соочуваме со години наназад, предвидуваме систем на 24 часовен мониторинг на сите локации низ Скопје и околината.

Секако,најважен чекор за нас, за мене како градоначалник на Скопје од 15 октомври, е итна гасификација на градот Скопје. Гасификацијата ќе ја започнеме од деловите на градот кои што не се опфатени со топлификационата мрежа. Гасификацијата ја започнуваме токму од населбите кои не се приклучени на топлификациската мрежа, со цел до граѓаните да направиме достапен еколошки поприфатлив енергенс и поевтин за нивните домашни буџети.

Ова се само дел од мерките што ги предвидуваме. Знаете вие и подобро од мене, дека борбата за здрава животна средина, за здрав воздух е борба која што е перманентна и која што не престанува. Борба која што е света задача за нас.

Да истакнам и благодарност за присуството и за потпишувањетона овој Меморандум за соработка и на сите кандидати за градоначалник на градот Скопје, што само покажува дека околу клучните работи можеме да постигнеме општ државен консензус. Бидејќи загадениот воздух и загадената воздушна средина не бира ниту политичка партија, ниту национална припадност, ниту верска припадност.

Нашите граѓани, за жал, долго време беа жртви на политиките на актуелниот градоначалник и на Никола Груевски. Поради тоа, долго време се гушевме во смог, чад и го загубивме зеленилото особено во централното градско подрачје. Досега немаше градот креирано политики кои што ќе обезбедат пристојно место за живеење на нашите сограѓани, особено во еколошка смисла. Затоа ве повикувам на 15 октомври, масовно, сите граѓани на градот Скопје да излеземе на гласање и одлучно да се спротивставиме на досегашната недоговорна политика, која што не се грижеше за нашето здравје. Да ставиме крај на ваквото неодговорно однесување, со цел да воспоставиме систем кој ќе овозможи нашите деца, нашата иднина да расте и да се развива во здрава животна средина.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY