Шилегов лично го покани Трајановски на ТВ дуел

Шилегов лично го покани Трајановски на ТВ дуел

102
SHARE

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од СДСМ, Петре Шилегов го покани на ТВ дуел противкандидатот од ВМРО-ДПМНЕ, Коце Трајановски додека даваше изјава по повод потпишувањето на „Платформата за чист воздух“, од граѓанската иницијатива О2 коалиција за чист воздух.

Шилегов се обрати до Трајановски и побара да се појави на снимањето на дебатата меѓу кандидатите за градоначалник на Скопје.

„Денеска на потпишувањето на барањата на иницијативата О2, Коце се обиде да ми реплицира на мојата изјава, па го поканив конечно да дојде на дебата вечерва на ТВ Телма.“, напиша под објавеното видео на својот Фејсбук профил, Петре Шилегов.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY