Шилегов: Криминалната структура во ВМРО-ДПМНЕ нема поддршка ниту од сопствената партија

Шилегов: Криминалната структура во ВМРО-ДПМНЕ нема поддршка ниту од сопствената партија

189
SHARE
фото: мета.мк

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов смета дека политичката состојба е стаблизирана, а годинава ќе биде успешна.

– Политичката состојба во Македонија полека се стабилизира. Се смалуваат тензиите коишто непотребно беа направени заради обид да се заштити една криминална структура која што очигледно веќе нема поддршка внатре ниту во сопствената партија – изјави Шилегов од пред Соборниот храм каде што присуствуваше на бадникарската прослава.

Тој, како што рече, очекува политилки дијалог и нормална политичка комуникација меѓу политичките партии.

– Очекувам нормална комуникација затоа што граѓаните нам ни ја даваат довербата за да креираме услови за подобар живот за секој од нив, а не и така тешкиот живот да им го усложнуваме со тензии. Градската администрација интензивно работи и граѓаните на Скопје многу брзо ќе ги видат првите резултати- рече Шилегов.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY