Шилегов ја посети Теодора, првото родено бебе во Скопје во 2018 година

Шилегов ја посети Теодора, првото родено бебе во Скопје во 2018 година

223
SHARE

Градоначалникот Петре Шилегов, министерот за здравство, Венко Филипче и министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска денеска во ЈЗУ „Универзитетска Клиника за Гинекологија и Акушерство – Скопје“ го посетија првото бебе кое се роди во Новата 2018 година.

Првороденото бебе во Скопје во 2018 година е Теодора која се роди рано утрово, една минута по полноќ во ЈЗУ Универзитетска Клиника за Гинекологија и Акушерство – Скопје. Женското бебе е 3,7 килограми, долго 49 сантиметри.

Мајката на бебето е Билјана Радевска и ова и е второ дете.

Градоначалникот Шилегов на мајката и семејството им честита за второто дете, посакувајќи и добро здравје и многу среќа. Тој на семејството подари штедна книшка со 20.000 денари и други пригодни подароци.

Шилегов ја искористи приликата да ја честита Новата 2018 година на граѓаните и им пожели добро здравје, среќа и успеси.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY