СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ продолжува со кукавички и неосновани реакции, Законот за употреба на...

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ продолжува со кукавички и неосновани реакции, Законот за употреба на јазиците не го загрозува македонскиот јазик

77
SHARE
Фото: мета.мк

ВМРО-ДПМНЕ нема капацитет да ги надмине политиките на создавање тензии и вештачки поделби меѓу граѓаните коишто беа главна карактеристика на оваа партија во изминатите години.

Тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ се неосновани.

Измените на Законот за употреба на јазиците се целосно во согласност со Уставот на Република Македонија и амандманот 5.

Законот не фаворизира, туку ја унапредува употребата на сите јазици на немнозинските заедници во Македонија. Цврсто веруваме дека граѓаните во јавните установи треба да можат да комуницираат на својот јазик.

Со измените на Законот, употребата на македонскиот и албанскиот јазик нема да биде идентична, не се загрозува уставната положба на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо како службен јазик на целата територијата и во меѓународните односи.

За разлика од долгогодишното запоставување на македонскиот јазик од страна на ВМРО-ДПМНЕ, парламентарното мнозинство и Владата предводена од СДСМ системски ја унапредуваат употребата на македонскиот јазик и јазиците на останатите немнозински заедници.

Конечно, законот има обединувачка заложба и ќе биде во корист на сите граѓани во Македонија. Јазиците се средство за разбирање, а  разбирањето носи развој за нашата татковина., се вели во соопштението на СДСМ.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY