СДСМ: Ќе ја укинеме радиодифузната такса!

СДСМ: Ќе ја укинеме радиодифузната такса!

197
SHARE
Фото: плусинфо

Граѓаните нема да ја плаќаат радиодифузна такса, порача денеска СДСМ потсетувајќи на ветеното во изборната кампања.

„Граѓаните се изјаснија дека сакаат нова одговорна Влада, којашто ќе се грижи за нивните потреби, а ова е една од нивните потреби. Бидејќи ова е една од мерките за намалување на трошоците за живот на граѓаните. Исто така тоа ќе ги ослободи граѓаните од притисокот што сега го имаат, им тропаат извршители на врата, не можат да земат плата – поради блокирани сметки за радиодифузна такса. Само во декември беа подготвени решенија за присилна наплата на повеќе од 47.000 граѓани, во услови на огромна сиромаштија во Македонија. На многу наши сограѓани претпразнично им беа земани последните пари од нивните сметки за радиодифузна такса, или пак остана без егзистенција поради оваа давачка“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Оттаму истакнуваат дека завршува времето на досегашните закани и блокади кон граѓаните од УЈП за радиодифузна такса.

„Македонската телевизија ќе се финансира од државата од Буџетот и од други средства, од приходи на кабелските оператори и од приходи остварени со продажбата на програма произведена во МРТ. Од Буџетот на Република Македонија ќе се одвојува помеѓу 0.5% и 0.7% за националниот сервис МРТ. Нема да има комерцијални реклами на Македонската телевизија, освен за откупените програми каде што е задолжително рекламирање на спонзорите. МРТ исто така ќе продуцира програма со користење на сопствените технички и кадровски потенцијали за свои потреби или ќе ја продава на останатите комерцијални радиодифузери“, се додава во соопштението на СДСМ.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY

16 − 3 =