Руско МНР: 27 април беше „антинатовски митинг“

Руско МНР: 27 април беше „антинатовски митинг“

323
SHARE
Фото Мета

Министерството за надворешни работи на Русија нема никаков коментар во врска со притворањето на 36-мина осомничени за насилствата во Собранието од 27 април, меѓу кои и шестмина пратеници на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, пренесува Мета.

Ова денеска го соопшти портпаролката на руското МНР, Марија Захарова, прашана „за коментар за ситуацијата во Македонија, каде што кон крајот од минатата недела имаше апсења на претставници на опозицијата, кои во април оваа година учествуваа во организирање митинзи против НАТО, односно за вмешаност во инцидентот во Собранието“.

– Во овој поглед, немам никаква реакција. Можам да проверам со експертите. Ако има нешто, ќе ве известам – рече Захарова во кусиот одговор на прашањето во рамките на редовниот неделен брифинг на руското МНР.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY