Пуџдемон доби рок за да се изјасни за независноста на Каталонија

Пуџдемон доби рок за да се изјасни за независноста на Каталонија

79
SHARE
Фото ЕПА/Фелипе Труеба

Шпанскиот премиер Маријано Рахој денес изјави дека каталонскиот лидер Пуџдемон има рок од пет дена да разјасни дали е прогласена независност на Каталонија.

Доколку тој потврди дека независноста е официјално прогласена, ќе му биде даден дополнителен рок до 19 октомври за ратификација на истата.

Овие датуми се официјално доставени до каталонските власти од страна на централната власт на Шпанија и доколку не се одговори во истите, Шпанија ќе ја суспендира автономијата во политиката на Каталонија и ќе преземе директна власт врз регионот.

Пуџдемон изјави дека сака да оствари дијалог со централната власт, повикувајќи се на Членот 155 од Уставот, потег кој, според каталонски политичари, може само а го продлабочи проблемот меѓу Мадрид и Барселона.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY