Профил-Мила Царовска: На браникот на човечкото достоинство

Профил-Мила Царовска: На браникот на човечкото достоинство

940
SHARE

 

Царовска деновиве ја гледаме во улогата на градител на системот. Нејзиното име е често споменувано поради тоа што стави потпис на предлогот од Владата за минимална плата од 12.000 денари, по враќањето на Дарко Димовски за претседател на Сојузот на синдикатите на Македонија, по активирање на трудовите инспектори на пеколните жештини, по слухот што го покажува за децата со посебни потреби. Но опозицијата бара нејзина интерпелација и тоа со спин дека ќе гради станови за бегалците, ќе ги вработува и ќе им дава државјанства.

Весна Дамчевска
Мила Царовска има само 33 години, а нејзината министерска позиција е една од најзаслужените во Владата. Борбата против сиромаштијата, за правата на маргинализираните, за застанување на патот на семејното насилство, ја води повеќе од една деценија. Нејзиното искуство не е стекнато од фотелја и тоа ја прави вистински социјален работник и заштитник на правата на загрозените граѓани. Тоа нејзино драгоцено искуство може да се види и денеска, но сега таа може да направи многу повеќе за оние на кои им треба помош.

Сепак, не е исто да се делува од позиција на невладин сектор и од позиција на министерка. Добро е што Царовска е свесна за тоа. Во интервју за „Призма“, Царовска вели: „Едно е кога гасиш пожар, друго е кога градиш систем“. Царовска деновиве ја гледаме во улогата на градител. Нејзиното име е често споменувано поради тоа што стави потпис на предлогот од Владата за минимална плата од 12.000 денари, по враќањето на Дарко Димовски за претседател на Сојузот на синдикатите на Македонија, по активирање на трудовите инспектори на пеколните жештини, по слухот што го покажува за децата со посебни потреби, но и по интерпелацијата што ја поднесе ВМРО-ДПМНЕ за Стратегијата за бегалците.

На опозицијата не ѝ лесно во Министерството за труд и социјална политика да гледа човек што навистина се грижи за достоинството на народот – за заштита на работничките права, за зголемување на животниот стандард и за права на маргинализираните групи. Во ова министерство, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, беа Диме Спасов, познат по својата ноќна трка со џип од Агенцијата за вработување, придружуван од една млада жена, кога удри две паркирани возила, па ѝ побегна на полицијата; во ресорот, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на „жешкото“ столче седеше и Спиро Ристовски, за кого медиумите, повикувајќи се на Законот за слободен пристап на информации, објавија дека од народните пари во ресторан за четири месеци изел и испил 7.500 евра!

Опозицијата ја „распна“ во јавноста Царовска со спин дека поддржува стратегија според која на бегалците ќе им се даваат државјанства и ќе им се градат станови. За тоа, ВМРО-ДПМНЕ побара и интерпелација на министерката и ја прозиваше да дојде во Собранието со нив да се кара. Но, Царовска покажа дека има поважна работа од дневнополитичките игри и го остави тоа на партијата, таа со документи и со факти да ја презентира вистината за Стратегијата за бегалците.  Од СДСМ стигна соопштение во кое се вели: „Македoнија е земја за транзит на бегалци и нема да се градат никакви кампови и станови, нема да се даваат државјанства, ниту, пак, ќе се активираат некои други мерки во таа насока“.

Ова не ја спречи опозицијата и понатаму бесрамно да бара оставка за Царовска. Но, Царовска тоа не ја обесхрабрува да ја врши министерската функција.

– По толку години, за првпат на чело на Министерството за труд и социјална политика е поставен социјален работник, Мила Царовска, која ги знае проблемите на родителите што имаат деца со посебни потреби и која е решителна да се справи со хаосот што претходната криминална влада го има направено – изјави за „Цивил медија“ активистот Зоран Кардула, кој е родител на дете со аутизам.

Ние од медиумите што со години ги следевме социјалните теми, со години ја среќававме и Царовска, која секогаш со многу жар зборуваше за проблемите што мора да се решат. За почеток се гледа едно позитивно поместување во Министерството за труд и социјална политика. Но, таму треба многу работа, а на министерката останува да ги оправда сите добри зборови кажани за неа. Ако згреши, ние сме тука да ја потсетиме.

1984 родена е Мила Царовска во Скопје

2005 станува програмски координатор на Асоцијацијата за Здравствена едукација и истражување ХЕРА и на оваа функција е до 2015.

2010 е назначена за претседател на Македонската платформа против сиромаштија и на оваа позиција е до 2013 година.

2015 е именувана за специјален советник на министерката за труд и социјална политика Фросина Ременски

2017 назначена за министерка за труд и социјална политика
Изјави
„Нивото на социјална помош треба да се зголеми, а за да се постигне тоа, треба да се зголемат и минималните лични доходи. Актуелниот систем што на примателите на социјална помош не им дозволува да работат, не функционира.  Примателите на социјална помош мораат да се кријат ако работат, од страв дека ќе бидат откриени и ќе ја изгубат и онака ниската социјална помош, која не им е доволна за опстанок“

17.2.2013

 

„Членовите на комисиите што работат во текот на работното време, ќе земаат по 500 денари месечно, колку да имаат за кафе. Нема да дозволам нечии џебови да се полнат, а ништо да не функционира. Ако сѐ функционира, ако застанеме на нозе и направиме функционален систем, потоа ќе нема проблем, сè што ќе доаѓа како анализи, креирање политики ќе се плаќа, бидејќи стандардот на општеството ќе се подигне. А сега, кога сме на дното, јас да исплаќам пари за ова, па тоа се пари фрлени во дупка, бидејќи општеството нема поврат од нив“.

4.7.2017

 

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY