Ме праша дали имам секс со други жени: Кара Делавињ уште една...

Ме праша дали имам секс со други жени: Кара Делавињ уште една жртва на Харви Вајнштајн

292
SHARE
Инстаграм/Профимедиа

Актерката и манекенка Кара Делавињ синоќа ја отвори душата на Инстаграм и откри вознемирувачки детали од неколкуте средби со Харви Вајнштајн.

Младата убавица е уште една жртва на моќниот холивудски продуцент, кој веќе се соочува со обвиненија за сексуална злоупотреба и силување.

„Кога започнав да се занимавам со глума, добив повик од Вајнштајн. Неговото прво прашање беше дали спијам со жените со кои ме гледала јавноста. Тоа беше многу чуден и одвратен разговор. Не му одговорив на ниту едно прашање. Побрзав со разговорт бидејќи сакав да го завршам овој повик, но тој ми рече дека никогаш нема да добијам улога како „стрејт“ жена ако изградам слика за жена која спие со други жени. Ми потенцираше дека нема ни да успеам како актерка. Две години подоцна се сретнав со Вајнштајн и уште еден режисер со кој требаше да работам на еден проект. Режисерот си замина, Вајнштајн остана со мене и сакаше да поразговараме“, напишала Кара во постот на Инстаграм.

Таа вели дека кога останале сами, тој започнал да се зборува за тоа со колку глумици имал спиено и на кој се им направил кариера. Продуцентот зборувал за многу грди и сексуални работи. „Ме повика во неговата соба, но јас одбив. Побарав да ми го донесат автомобилот пред хотелот, но мојот асистент ми рече дека ќе треба малку да почекам. Кога Вајнштајн го слушна тоа, инсистираше да одиме во неговата соба“. Актерката вели дека во тој момент се почувствувала многу неспособно и беспомошно, но не сакала тоа да го искаже, бидејќи потајно верувала дека погрешно ја сфаќа ситуацијата.

„Се качивме во неговата сова. Во собата веќе имаше една жена и веднаш се смирив. Тој побара од нас да се бакнуваме и таа започна да ми се приближува. Подскокнав и го прашав дали има слушнато дека знам и да пеам. Почнав да пеам. Сакав да ја направам оваа ситуација малку професионална, исто како да сум на аудиција. Повторно напоменав дека морам да одам. Тој ме испрати до вратата и проба да ме бакне. Некако се извлеков и го спречив. Но, добив и филмска улога. Сè уште се каам што ја прифатив таа улога, бидејќи сигурно ја добив поради ситуацијата во која се најдов, се чувствувам грозно. Толку се двоумев околу пишувањето на ова. Не сакав да го повредам неговото семејство. Се чувствувам виновна, како да сум направила нешто лошо. Истовремено сум згрозена од фактот дека такви грозни работи им се случуваат на толку жени и дека сите молчеле од страв“, завршила младата актерка.

Подготви: K. A.

Фото: Профимедиа

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY