Почина оскаровецот Мартин Ландау

Почина оскаровецот Мартин Ландау

94
SHARE
Профимедиа

Мартин Ландау, ѕвездата на телевизиската серија „Мисија: Невозможна“ од 1960-тите години, која во подоцнежната кариера освои Оскар за најдобра споредна улога во филмот „Ед Вуд“ на Тим Бартон, умре во неделата во 89-тата година од животот.

Ландау починал во медицинскиот центар УКЛА во Лос Анџелес, поради неочекувани компликации во текот на кратката хоспитализација поради непозната болест, објави неговиот портпарол Дик Гутман.
Ландау во 1995 година го освои Оскарот за улогата на ѕвездата на хорор-филмовите Бела Лугоши, актер со унгарско потекло, во филмот „Ед Вуд“.

За престижната академска награда бил номиниран уште два пати, за улогата во филмот на Френсис Форд Копола од 1988 година „Сонот на Такер“, како и за улогата во „Злосторства и престапи“ (1989) на Вуди Ален.
Првите повпечатливи улоги, Ландау ги имал во ТВ-сериите „Недопирливите“ и „Мисија: Невозможна“, за која доби два „Златни глобуса”.

Ландау бил и прв избор на креаторот на култните „Ѕвездени патеки“ Џин Роденбери за улогата на легендарниот Мистер Спок, но улогата на крајот, сепак, ја добил Леонард Нимој.

Ландау во 50-тите години се дружел со ѕвездите како што се Џемс Дин и Стив Мекквин, а студирал под палката на славниот Ли Стразберг.

Неговата кариера вклучува бројни улоги на филмот, телевизијата и театарот и бил се уште активен во ова десетлетиа, наведува „Ројтерс“.

Тој има и своја ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд.

Ландау беше оженет за актерката Барбара Бејн, со која имаа две ќерки.

Подготви: К. А.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY

one × 4 =