Оливија Њутон-Џон користи медицинска марихуана против страшната болест

Оливија Њутон-Џон користи медицинска марихуана против страшната болест

354
SHARE
Инстаграм/Принтскрин

Австралиската актерка и пејачка Оливија Њутон-Џон се вратила на сцената откако поради ракот на дојка, како што изјави, до неодамна не можела ниту да чекори.

– Сега можам да одам, но само на кратки релации – рекла Оливија во австралиското издание на емисијата „60 минути“.

Во мај на актерката и пејачка, фитнес икона и една од најголемите ѕвезди на крајот на седумдесеттите и почетокот на осумдесеттите, и бил дијагностициран рак на дојка кој во меѓувреме метастазирал и на карлицата.

Оливија на почетокот го одложила првиот дел од својата концертна турнеја, бидејќи мислела дека станува збор за ишијас, но понатамошните тестови откриле многу полоши вести.

– Мора да поминам низ ова, имам уште многу работа. Но, секако, мора да кажам дека сето ова е застрашувачко. Би лажала кога би рекла дека не сум престрашена. Но, си реков самата себе: „Мораш да поминеш низ ова“ – рекла Оливија за „60 минути“.

Шеесетиосумгодишната пејачка признала дека најлошата работа била огромната болка што ја чувствувала, а обидите, и покрај се, да ги одржи најавените концерти биле „навистина очајнички“.

– По советувањето со лекарите, терапевтите за природно лекување и медицинскиот тим во мојот Центар за истражување и лекување рак Оливија Њутон-Џон во Мелбурн во Австралија одлучив за начинот на којшто ќе се лекувам – рекла Оливија откако болеста и се вратила.
Сега Оливија против болката се бори со медицинска марихуана, која ја одгледува нејзиниот сопруг Џон Истерлинг, за медински цели.

– Работите ќе одат на подобро. Постојат многу жени на кои им се вратил ракот и кои продолжиле потоа со својот живот и доживеале старост – рекла Оливија.
Ѕвездата на хит-мјузиклот „Брилјантин“, на почетокот на август на обожавателите им порачала дека се чувствува одлично и дека едвај чека да се врати на турнејата. Подоцна истиот месец настапила и во театарот „Виктори“, прв од серијата настапи коишто ќе траат до декември.

На Оливија ракот на дојка првпат и бил дијагностициран уште во 1992 година, кога таа имала 43 години. На ѕвездата на „Брилјантин“ и се вратил ракот по 25 години.

Таа тогаш поминала низ делумна мастектомија (остранување на дојката), девет месеци хемотерапија и реконструкција на дојката.

Откако успеала да ја победи болеста првиот пат, Оливија станала жесток поборник на истражувањата за ракот на дојката и неговото рано откривање. Таа оттогаш учествува во сите медицински истражувања, хуманитарни акции, донира приходи од продажбата на своите албуми и промовира здрав живот.

Подготви: К. А.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY