ОЈО: Предлог мерка притвор за уште три лица за нападот врз Зијадин...

ОЈО: Предлог мерка притвор за уште три лица за нападот врз Зијадин Села

105
SHARE

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за проширување на истрагата за уште 3 лица за сторено кривично дело Убиство во обид сторено во соизвршителство, од чл.123 во врска со чл. 19 и во врска со чл.22 од Кривичниот законик. Осомничените беа вчера препознаени со помош на граѓаните по објавување на нивните фотографии.

Ценејќи дека се исполнети околностите предвидени во законот, надлежниот јавен обвинител до судија на предходна постапка во Основниот суд Скопје 1 Скопје достави Предлог за определување на мерка Притвор за осомничените лица, стои во соопштението на основното јавно обвинителство.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY