Одземени телефони и компјутер од домот на Канческа-Милевска

Одземени телефони и компјутер од домот на Канческа-Милевска

258
SHARE

Два мобилни телефона и компјутер се одземени при претресот што денеска беше извршен во домот на поранешната министерка за култура Елизабета Канческа-Милевска.

Информацијата за претресот за МИА ја потврди нејзиниот адвокат Сашо Дукоски.

Според првичните информации, се работи за нова предистражна постапка.

Од Специјалното јавно обвинителство и од полицијата засега не отркиваат никакви детали за денешниот претрес.

Претходно, дел од медиумите јавија дека извршен е претрес и во домот на поранешниот генерален секретар на Владата Кирил Божиновски. (МИА)

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY