Одбиени барањата на СЈО за притвор на Пешевски и Латас

Одбиени барањата на СЈО за притвор на Пешевски и Латас

342
SHARE

Апелацискиот суд ги одби барањата за притвор на СЈО за Драган Павловиќ Латас и екс вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски.

„Првостепениот суд правилно оценил дека во оваа фаза на постапката, примената на мерката притвор не е оправдана и дека со примена на поблаги мерки, како што се определените мерки на претпазливост – обврска за јавување во судот и привремено одземање на патната исправа, успешно ќе се елиминира опасноста од бегство, со образложени причини кои овој суд ги прифаќа. Имено, имајќи ги предвид фактите и околностите на кои укажува тужителот, како и околностите  обвинетиот да е со познат идентитет и познато место на живеалиште, како и околностите во поглед на семејните и материјални услови на обвинетиот, односно дека има воспоставено семејни и егзистенцијални релации со неговото место на живеење, има оформено свое потесно семејство, татко е на три деца. Кога се проценува дали постои реална опасност од бегство, судот мора да ги заме предвид сите околности на конкретниот случај. Овој суд, меѓу другите, ја ценеше околноста дека обвинетиот поседува банкарски сметки, но истата не ја цени изолирана од другите околности, како погоренаведените. Оттука, жалбените наводи на тужителот истакнати во овој правец се неосновани“ се вели во соопштението на Апелацискиот суд Скопје.

Апелацискиот суд ја одби жалбата на СЈО за неопределување мерка притвор за Драган Павловиќ Латас.

„Овој суд ја прифати одлуката на првостепениот суд и не го прифати предлогот на тужителот истакнат со жалбата за определување на мерката притвор према обвинетиот, со поткрепа од фактот што обвинетиот се појави пред второстепениот суд и непосредно го убеди дека со неговото досегашно однесување во постапката и дадените наводи од кои произлегува ветување за присуство во понатамошниот тек на истата, а имајќи ги предвид фактите и околностите на случајот и изнесените од страна на странките, ќе се постигнат целите на определените мерки на претпазливост, како мерки за обезбедување присуство на обвинетиот и за непречено водење на кривичната постапка“, се вели во соопштението на второстепениот суд.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY