Норвешка најсреќна земја во светот, Македонија на 92 место

Норвешка најсреќна земја во светот, Македонија на 92 место

428
SHARE
Фото Профимедиа

Понесреќни од Македонија се само Бугарија и Албанија (4,644), а повисоко рангирани се БиХ, Грција, Црна Гора, Косово, Хрватска и Србија.

Рангирањето е изработено врз основа бруто-национален производ по жител, социјалната поддршка, здравиот животен век, слободата на избор, дарежливоста и степенот на корупција.
Норвешка ѝ го зеде приматот на Данска како најсреќна земја во светот, додека Македонија е на 92 место, едно погоре од Сомалија, но и пред Бугарија и Албанија.

Рангирањето, како дел од Светскиот извештај за среќата, е изработено врз основа на субјективните фактори, како бруто-национален производ по жител, социјалната поддршка, здрав животен век, слобода на избор, дарежливост и степенот на корупција. За да се утврди просечниот индекс на среќата, биле интервјуирани по повеќе од 1.000 граѓани од сите земји, кои со од 1 до 10 го оцениле своето место на „скалата на добриот живот“.

Норвешка е на врвот со 7,532 индексни поени, пред Данска (7,522), Исланд (7,504), Швајцарија (7,494) и Финска (7,469). Меѓу првите десет „најсреќни“ земји се и Холандија, Канада, Нов Зеланд, Австралија и Шведска. На дното, пак, се Централна Африканска Република (2,693 индексни поени), Бурунди (2,905), Танзанија (3,349), Сирија (3,462) и Руанда (3,471).

Со 5,175 индексни поени, Македонија е на 92 место во светот, помеѓу Хондурас и Сомалија. Од земјите во регионот, „понесреќни“ од Македонија се само Бугарија (4,714) и Албанија (4,644), додека повисоко рангирани се Босна и Херцеговина (5.182), Грција (5,227), Црна Гора (5,237), Косово (5,279), Хрватска (5,293) и Србија (5,395).

Авторите на извештајот посветуваат посебна глава за падот на чувството за среќа кај Американците, наспроти константниот економски развој. Се укажува дека незадоволството е последица на повеќеслојната социјална криза, особено на порастот на нееднаквоста, корупцијата, изолацијата и недовербата.

– Американската криза е социјална, а не економска – вели Џефри Сакс, директор на мрежата што го изработува извештајот. Сакс додава дека „политиките на новиот претседател Доналд Трамп мошне веројатно ќе ја продлабочат оваа криза“.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY