Неопходно за есен: Топла облека со силни бои и весели дезени

Неопходно за есен: Топла облека со силни бои и весели дезени

166
SHARE
Фото - Принтскрин/Инстаграм

После долгото и топло лето, настапува период којшто е збунувачки кога е во прашање гардероберот на секоја жена. Иако е време да се исфрлат лесните летни парчиња облека и омилениот пар сандали од кои не се одвојувавте последниве неколку месеци, едноставни комбинации омилени во есен, како предебели џемпери и неколку слоеви најпријатни материјали се уште се премногу за првите есенски денови.

Како жена би можела без многу модни дилеми да го пречека преодниот период, неколку клучни, основни парчиња облека ќе бидат доволни за зачинување на омилените летни парчиња кои што може уште малку да постојат во гардероберот и со чија помош ќе се освежат парчињата облека за првите денови од есента, кои веќе сте ги вратиле во шкафот.

За максимален број на комбинации за преодниот период се препорачува избор на парчиња гардероба со едноставна линија и класични кроеви.

Иако силните бои и разиграните дезени секогаш се попожелни како би ги споиле лесните летни модели и првите есенски модели, при изборот на клучните парчиња за овој период акцент ставете на неутрална палета на бои.

Модните познавачи за почеток на есента предлагаат: кожна јакна. Оваа сезона е инспирирана од моторџиска униформа и ваква јакна е задолжително парче за секоја дама со стил. Споена со женствено класично парче облека од летната сезона, кожната јакна, за разлика од блејзерот кој внесува елегантна формалност, ќе создаде совршен изглед за преодниот период.

Оваа есен исто така задолжителен е кариран блејзер. Сепак, црната боја во ормарот на жената секогаш ќе има посебно место и статус на незаменлива класика. Совршен дел од облеката за на работа за кој со радост посегнуваат жените како би ја надополниле лежерната дневна или вечерна комбинација.

Од минималистичките модели кои имаат едноставни линии инспирирани од класичната машка кошула со женствени кроеви украсени со впечатлива крагна, свилената кошула е совршена за преодниот период, кога еднакво добро ќе изгледа и со миди и мини здолниште, фармерки и бизнис панталони, со блејзер или кожена јакна.

Миди здолниште е парче женствена облека со кое не може да се згреши. Се сложува со различна облека, одлична е со спортски варијанти и идеална е за преоден период.

За рана есен може да се носат и омилениот пар чизми, во комбинација со омиленото здолниште или летниот фустан, како и капа – моден додаток којшто е синоним за ладно време, но овојпат во моторџиска варијанта. Загарантирано шик!

Фармерки, задолжително!
Фармерките, секако, секогаш се во тренд и треба да останат во гардероберот без оглед на годишното време. Освен удобност, тие се едноставно парче облека што оди во комбинација со секаква боја, дезен и модел на маица, кошула или џемпер.

Иако рамниот крој и оваа сезона се истакнува како најпопуларен избор, кратките модели и ѕвонарките се еднакви пожелни.

Цветен дезен
За овој период на дамите им се препорачува и да набават некое парче облека со цветен дезен – фустан со цветен принт би бил фантастичен избор и идеален за боење на врнежливите есенски денови.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY

17 + 19 =