Насловната која го запали интернет: Меланија со вилушка „јаде“ дијаманти ФОТО

Насловната која го запали интернет: Меланија со вилушка „јаде“ дијаманти ФОТО

2963
SHARE
Твитер

Покрај големите тензии помеѓу американскиот претседател Доналд Трамп и Мексико поради неговиот ѕид, првата дама на САД на насловната на мексиканското издание на Венити фер позира во луксузно издание.

Насловната на мексиканското издание на „Венити фер“ со Меланија Трамп предизвика мноштво негативни коментари на социјалните мрежи. Имено, првата дама на САД позира во луксузно издание додека „јаде“ скапоцен накит како тестенини.

Во интервјуто сопругата на Трамп зборува за своето минато и за желбата да стане новата Џеки Кенеди.

Оваа насловна на Мексиканците им дојде како „шлаг на тортата“. Токму во времето кога Трамп планира изградба на ѕид на границата со Мексико, а одлучил да наметне и царина од 20 отсто на увозот од Мексико.

Затоа на сите им е јасно зошто Мексиканците се бесни на „Венити фер“.

Многумина сметаат дека магазинот со овој потег го понижил Мексико и сите негови државјавни. Други, пак, го повикаа „Конде наст“, издавачот на „Венити фер“, целосно го повлече спорниот број од продажба.

Подготви: К. А.

 

 

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY

five × 3 =