На 101 година почина милијардерот Рокфелер

На 101 година почина милијардерот Рокфелер

135
SHARE
Фото: Andrew Serban / Bloomberg News

Познатиот американски богаташ Дејвид Рокфелер почина утрово на 101. година.

Рокфелер починал во сон во својата куќа во Покантино хилс, Њујорк. Како што соопшти портпаролот на семејството Рокфелер починал заради откажување на срцето.

Дејвид Рокфелер е роден на 12 јуни 1915 година а бил банкар и јавно најистакнат и најстар жив член на екстремно богатото семејство на Рокфелер кое своето богатство го стекнало со компанијата Стандард оил.

Дејвид е најмладиот од шесте синови на Џон Рокфелер јуниор, син на Џон Д. Рокфелер сениор основач на нафтената компанија Стандард оил.

Богатството на Рокфелер се проценува на три милијарди долари, а се пензионира во 1981. година по 35 години кариера. Во соопштението на фондацијата Рокфелер по повод смртта се наведува дека тој бил една од најмоќните фигури во историјата на американските финансии.

Рокфелер имал шест трансплатации на срцето, а во медиумите на шега изјавуваше дека би сакал да живее 200 години.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY

3 × three =