Модната куќа „Гучи“ повеќе нема да користи животинско крзно

Модната куќа „Гучи“ повеќе нема да користи животинско крзно

430
SHARE
Профимедиа

Многумина среќно ќе аплаудираат на веста која светската модна куќа „Гучи“ ја објави – дека повеќе нема да користи животинско крзно, почнувајќи од својата колекција за пролет/лето 2018 година.

Информацијата беше пласирана во средата во текот на настанот „Керинг ток“ на лондонскиот колеџ за мода.

Претседателот и главен директор на „Гучи“, Марко Бизари, објави дека се откажале од крзното во дизајнирањето и креирањето на новите модни парчиња на таа дизајнерска модна куќа, а тоа го покажуваат веќе со претставената колекција за пролет 2018 година на Модната недела во Милано. Бизари потврди дека ниту еден модел со потпис на „Гучи“ повеќе нема да го има крзното на канадскиот зајак, ракунското куче, којотот, лисицата или кое било друго животно. Политиката на некористењето на крзно на „Гучи“ го вклучува и астраганот (персиското крзно на јагнињата убиени како фетуси или само неколку дена по раѓањето), како и сите останати видови животни одгледувани или убиени посебно поради нивното крзно.

– Среќни сме поради оваа одлука и се надеваме дека тоа ќе помогне во освестувањето на луѓето, како и дека светот на луксузната мода ќе се промени на подобро. Социјалната одговорност е една од главните вредности на „Гучи“ и ќе продолжиме да работиме и понатаму во таа насока да ги сочуваме околината и животните – рекол Марко Бизари.

Кити Блок, претседателката на ХСИ (Хјуман сосаети интернешенел) истакнала дека оваа одлука на италијанската модна марка е голем потег кој ќе го промени начинот на „игра“ на модниот свет и се надева дека овој чекор ќе го следат и останатите играчи на модната индустрија.

Вo март минатата година крзното го отфрлија во „Армани“, една година претходно Стела Меккартни, дизајнерка и активистка за правата на животните, претстави колекција со вештачко, синтетичко крзно за да ја покаже алтернативата во тој симбол на луксузот. Во оваа група спаѓаат и марките „Хуго Бос“ и „Нет-а-Портер“, како и многу други.

– „Гучи“ зазема силен став за животните покажувајќи му на светот дека иднината на модата е без животинско крзно – додал Марко Бизари.

Секоја година се убиваат милијарда зајаци, околу четири милиони лисици поради крзното, и покрај тоа што веќе порано некои земји, како Холандија, Велика Британија и Австрија, го забранија крзното. Животните во индустријата на производството на крзно веќе со децении се подложени на големата суровост на „поминувајќи ги сиот свој живот во бедни, валкани кафези.

Подготви: K. A.

 

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY