Миранда Кер ексклузивно ја покажа венчаницата во која се омажи со најмладиот...

Миранда Кер ексклузивно ја покажа венчаницата во која се омажи со најмладиот милијардер ФОТО

411
SHARE
Инстграм/Притнскрин

Миранда Кер (34) се венча во дворот на куќата на својот нов сопруг, основачот на Снепчет Еван Шпигел (26). Венчавката, која се одржа во мај, била интимна и организирана со многу вкус – само 55 пријатели и семејството гледале како двојката ги разменила своите брачни завети.

Меѓутоа, попишаната листа на гости не ја запрела Миранда да создаде ден од своите соништа. Австралиската манекенка ексклузивно покажала како изгледала нејзината венчавка во новото издание на американскиот „Вог“.

За нејзиниот голем ден, невестата носела извонредно убав фустан од високата мода на „Диор“, специјално изработен за неа од страна на новиот уметнички директор на брендот Марија Грација Чиури.

Фустанот бил инспириран од принцезата Грејс Кели, и од нејзиниот фустан којшто го носела во 1956 година на нејзината венчавка со принцот Рение од Монако.

Подготви: К. А.

Фото: Инстаграм/Принтскрин

 

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY

5 × one =