Манасков: Ова се многу значајни два бода на стартот од ЕП

Манасков: Ова се многу значајни два бода на стартот од ЕП

77
SHARE

Еден од најзаслужните за триумфот на Македонија над Словенија беше Дејан Манасков, кој мечот го заврши како најефикасен со осум погодоци.

„Беше навистина тежок натпревар, бидејќи немаме добра традиција во дуелите со Словенија. Немаме многу победи против нив, па затоа ова се многу значајни два бода на почетокот на Европското првенство. Секогаш е тешко кога се игра првиот меч на турнирот, затоа што притисокот е максимален. Не стартувавме како што посакувавме, промашивме многу шутеви, но во второто полувреме одигравме подобро и заслужено ги освоивме бодовите“, рече Манасков.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY