Лијам Галагер: Подобро да ме удри камион, отколку да ги обединам „Оезис“...

Лијам Галагер: Подобро да ме удри камион, отколку да ги обединам „Оезис“ сега

208
SHARE
Фото - Профимедиа

Лијам Галагер тврдел дека неговиот брат Ноел се сменил и дека сега тој попрво би работел во сендвичара отколку со него да го обедини бендот „Оезис“.

Магазинот „НМЕ“ пренесува дека и покрај тоа што Лијам повторувал дека подобро би било да е во „Оазис“ отколку да гради соло кариера, тој неодамна за „Радио Икс“ изјавил дека повеќе би сакал да го удри камион, отколку да биде дел од новиот животен стил на Ноел.

Додавајќи дека му недоставува „оној стар Ноел“, Лиjам тврдел дека брат му сега трага по нешто друго во животот.

– Не велам дека треба да биде како мене и дека треба да го прави она што го прави, бидејќи сите се менуваме, јас се сменив, јас дефинитивно успорив… Тој живее таму некаде во светот, разбирате, и што се однесува до мене, нема простор за „Оезис“ во тој свет – изјавил Лијам.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY