Кошаркарите му се реваншираа на Косово за прва победа во претквалификациите

Кошаркарите му се реваншираа на Косово за прва победа во претквалификациите

152
SHARE

Македонската кошаркарска репрезентација со триумфот од 87-74 над Косово остана во игра за пласман во квалификациите за СП 2019.

Избраниците на Јорданчо Давитков ја остварија првата победа во претквалификациите, одмаздувајќи му се на Косово за поразот во првиот меч.

На нашиот национален тим му беше потребна победа од најмалку пет поени за да биде подобар при меѓусебното рангирање со Косовците по поразот во Приштина, што беше и остварено.

До победата нашиот национален тим стигна со одлична трета четвртина која ја добија со 23-13, со што направија двоцифрена разлика. Гостите се доближија во финалниот период на минус пет, но расположените Тeодор, Костоски и Војдан Стојановски не дозволија изненадување.

Теодор со 24 поени беше најефикасен, Костоски уфрли 16 поени, а Војдан Стојановски повторно беше предводник на паркетот, завршувајќи ја средбата со 14 поени, 6 скока и 4 украдени топки. Одличен беше и Младеновски со 12 поени.
Македонија го завршува овој претквалификациски циклус в среда, на гостински терен во Талин против Естонија. Победа е неопходна за осигурување на пласман во главните квалификации за СП 2019, во спротивно ќе ни биде потребна помош од Естонците во последното коло, да го совладаат Косово во Приштина и да ја одржат Македонија на втората позиција.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY

two × 2 =